Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во двојки на турнирот во Копер
Заедно со Романката Кристина Андреа Миту со 2-0 во сетови (6-4, 6-1) за 71 минута ги совладаа Ивана Себестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева. Во полуфиналето, Ѓорческа и Миту за противнички ги имаат првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка. Според распоредот на мечеви полуфиналето треба да почне по 14 часот.
Инаку, Ѓорческа денеска беше елиминирана во поединечна конкуренција во второто коло од Дебора Киеса од Италија со 2-0 во сетови.