Утка на сезоната во Премиерлигата: Мистер Бин од тука ќе дадеше гол (ВИДЕО)

Роан Еткинсон или попознат како Мистер Бин е еден од најголемите комичари во Велика Британија, кој изнасмеа еден куп генерации и спортски анти-талент, ама да беше вчера на мечот Фулам – Саутемптон (0-0) на местото на Че Адамс, сигурно овој „спектакл“ немаше да го направи, па дури и случајно ќе дадеше гол. Вака, остана да се памети дека Че сезонава ќе ја има – најголемата утка во Премиерлигата.