Карагер е брутален и во фармерки: Му влезе со клизачи на колегата, а тој – полета! (ВИДЕО)

Џејми Карагер, поранешниот дефанзивец на Ливерпул од поодамна ги закачи копачките на клин, па сега е аналитичар за „Скај Спорт“, ама остана бескомпромисен и брутален и сето тоа го покажа на дело.

Неговиот колега Џими Булард полета во воздух, откако Карагер без многу размислување, иако облечен во фармерки му влезе со клизачи како да е финале на ЛШ, а Булард, кој е екс играч на Виган буквално – полета во воздух.

Дури Карагер побара да се „јави“ и ВАР да го провери чистиот старт.