И Роналдо и Меси постигнаа гол од слободен удар во иста вечер! (ВИДЕО)

Вечната трка меѓу Роналдо и Меси ги мери во секој нивен чекор, секој нивен натпревар и постигнат гол. Синоќа се случи нешто што ретко се гледа: и двајцата постигнаа гол од слободен удар. Меси за 2-0 против Панама, во пријателски меч, Роналдо за 4-0 против Лихтенштајн. И двајцата поставија важни бележници во кариерите, Роналдо со 197. настап за репрезентацијата стана светски рекордер, Меси, пак, го постигна 800. гол во кариерата.