Голчиште од 35 метри: Се вртеа околу топката на слободен и го збунија голманот (ВИДЕО)

Данди јунајтед го победи Ерброу на стартот на Лига-купот на Шкотска со 1-0, а решавачкиот гол го даде екс-фудбалерот на Селтик, Чарли Малгру од 35 метри од слободен удар.

Голчиштето сепак имаше интересна предигра, откако Малгру и еден соиграч при изведувањето се вртеа околу топката, па го збунија голманот, кој по се изгледа не очекуваше директен шут, а токму тоа го стори стрелецот за да го изненади.