Вујо уникатен: Би ја предводел С. Арабија под услов да не стапне во оваа земја!

Поранешниот тренер на ракометниот клуб Вардар, Веселин Вујовиќ, во интервју за „Око Магазин“ откри дека добил понуда од ракометната федерација на Саудиска Арабија да стане селектор на таа репрезентација.

Сепак, според неговиот услов е тешко да дојде до оваа соработка, бидејќи тој сака да ја предводи оваа селекција но да не стапне на нивна територија.

Имам понуда од Саудиска Арабија да бидам селектор. Тешко е, тие велат да работат таму, да живеам. Специфична земја, специфични закони. Тоа веројатно би било комбинација, да се направат некои активности што треба да се направат овде, во Словенија или во Србија, во куќата на фудбалот, на пример. Да го направите тоа воп период од десет до петнаесет дена, тие одат дома, а јас останувам овде. Ако успеам да го решам тоа на тој начин, тогаш ќе бидам тренер на Саудиска Арабија, ако не, ќе чекам некоја друга понуда, истакна Вујовиќ за српски „РТС“.

Вујовиќ пред помалку од месец дена го напушти ракометниот клуб Загреб поради приватни причини. Останува да се види дали обете страни ќе постигнат договор околу поставените услови од страна на Црногорецот.