Димитриевски го продолжи договорот со Синфин

Повремениот македонски репрезентативец, Дарко Димитриевски го продолжи договорот со Синфин Сантандер. Раководството на клубот по добрите партии на Македонецот, реши да го награди и да му го продолжи престојот во најсилната шпанска лига на уште една година.

Димитриевски кој се наоѓаше на поширокиот список кај Ивица Обрван, а истиот случај беше и со Раул Гонзалез, има големо искуство со настапи во АСОБАЛ Лигата. Пред Синфин, десниот бек го носеше дресот на Адемар Леон и Пуерто Сагунто.

Велешанецот игра одлична сезона во тимот на Синфин, Димитриевски покрај позначајната улога која ја има во нападот на шпанскиот прволигаш, добива голема доверба и во дефанзивата. А како резултат на добрите игри, клубот се бори за местата кои водат излез во европските Купови.