Три промени во составот на Македонија за дуелот со Литванија

Македонските ракометарки денеска ќе го одиграат последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2024 година во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Македонија со триумфот против Азербејџан обезбеди пласман на ЕП 2024, па денеска без притисок ќе влезе во последниот меч против Литванија, а селекторот Кристијан Грчевски реши да направи три промени.

Од составот на Македонија отпаднаа Сара Ристовска, Сара Стефаноска и Ана Марија Коларовска, додека беа повикани Марија Јанкуловска, Катерина Дамјаноска и Емилијана Ризоска.

Средбата меѓу Македонија и Литванија се игра денеска од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.