Сестрите Бонавентура ќе ѝ судат на Македонија и против Русија

Позитивно или не, на денешниот дуел меѓу Македонија и Русија (15ч.), на Светското првенство во Египет, правдата ќе ја делат сестрите Бонавентура, од Франција.

Оваа судиска двојка не ни е во добро сеќавање, затоа што го контролираше натпреварот меѓу Египет и Македонија, кој заврши неславно за нашата репрезентација, со пораз од 19-38.

Селекторот Данило Брестовац рече дека судиите ќе бидат важни за овој натпревар, од аспект на тоа колку агресивност ќе дозволат и какви критериуми ќе наметнат. Ако дозволат да има тепање, Русите се покрупни и полесно ќе не победат, рече Брестовац.

Денеска во нашата група ќе судат и Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, на натпреварот Египет - Белорусија.