Конечен список на Брестовац: Македонија со експериментален тим ќе игра во Турција!

Македонскиот селектор Данило Брестовац го скрати списокот со повикани ракометари за натпреварите за време на ЕХФ-неделата, која ќе се одржи од 21 до 27 октомври во рамки на подготовките за настап на Европското првенство во 2020 година.

Македонската ракометна репрезентација ќе одигра пријателски натпревари против Грузија на 25 и 26 октомври, како и против Турција, а потоа следува настап на турнирот „Трофеј Карпати“.

Брестовац на пријателските натпревари ќе настапи со експериментален состав, зашто ги нема Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков и неколку други првотимци во репрезентацијата.