„Бековската линија одигра како Мојсо, Жути и Кире со Столе на пикер!“

Ракометарите на Македонија синоќа ремизираа против фаворитот Унгарија (27-27) на стартот на Светското првенство, демонстрирајќи извонредна борбеност и пропуштајќи голема шанса за победа.

Според предводникот од клупата, Кирил Лазаров, бековската линија во клучните моменти потсетила на славната тројка Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски и Лазаров, со Столе Стоилов на линијата.

„Во еден момент нашата бековска тројка изгледаше како Мојсо, Жути и Кире, заедно со Столе на линијата. Тие против овие корпулентни момци од Унгарија знаеја што сакаат во секој момент“, изјави Лазаров.

Натпреварот во „Арена Вараждин“ понуди неизвесност до самиот крај, а Македонија испушти предност и можност за победа. По денешниот одмор, следната пресметка е закажана за утре против Холандија (18 часот), додека последниот натпревар од првата фаза го играме в недела против Гвинеја.