Вардар ја доби полесната група во СЕХА, Еурофарм ќе игра против Веспрем!

Европскиот шампион и актуелен бранител на трофејот во регионалната СЕХА-лига се најде во полесната група во новиот формат на ова натпреварување, за разлика од дебитантот Еурофарм Работник кој ќе игра во групата каде е унгарски Веспрем, беше одлучено денеска.

Вардар доминира во последните години во СЕХА, па се најде во група со Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје како ривали, додека Еурофарм Работник е во група со ППД Загреб, Мешков Брест, Металопластика, Веспрем и Пекинг Спорт Универзити.

Во оваа сезона, за првпат досега екипите се поделени во две групи, а во лигата се врати унгарскиот гигант после две години пауза.