Нексе му даде отказ на Вујо, љубовта траеше само - два месеци!
По само два месеци работа во Нексе, легендарниот Веселин Вујовиќ доби отказ.
„Управата на РК Нексе и тренерот Веселин Вујовиќ денеска донесоа одлука за прекин на соработката“, стои во дел од соопштението на хрватскиот клуб.
Нексе ризикува да ја загуби и втората позиција на табелата, по осум одиграни кола има ист број на бодови со третопласираниот Сесвете.
За отказот на Вујовиќ клучен беше саботниот меч против Пореч кој заврши нерешено 28-28.