Голманот на Србија нокаутиран со три удари во глава и тоа во – иста акција (ВИДЕО)

Голманот на репрезентацијата на Србија на Светското првенство (СП) за играчи до 19 години во Скопје, Никола Чирковиќ, долго ќе го памети вчерашниот дуел со Тунис, откако беше буквално нокаутиран со три удари во главата и тоа во – иста акција.

Тунижаните во еден контранапад имаа два шута и обата завршија во главата на несреќниот чувар на мрежата, по што добија пенал, по кој топката одново заврши во главата на Чирковиќ. Тоа како да ја прели чашата кај судиите, кои му дадоа црвен картон на Тунижанецот кој го изведе ударот од седум метри.

Српскиот голман доби удар во главата и на претходниот дуел со Исланд, поради што на шега доби прекар – Роки Балбоа.