
Екс-вардарецот Чупиќ го однесе ППД Загреб до нова титула – 30-та во историјата!
Загрепчани победија во Нашице за да ја заверат новата круна, а ова им беше четврта победа во само 20 дена и недопирливиот хрватски првак сезонава ја затвора со двојна круна, откако неодамна во Пореч победија со 30-27 против Нексе за освојување на Купот на Хрватска по 28 пат.
Загреб во последните десет минути влезе со огромни шест гола предност и сите мислеа дека рутински ќе заврши пресметката за титулата, ама со серија од 5-0 тимот од Нашице дојде до гол негатива и најави трилер завршница (23-24), по што Чупиќ им ја прекина серијата и ја најави победата.
Нексе викендов го очекува фанјлфорот во Европската лига, а во полуфиналето играат против германски Магдебург, кој е бранител на трофејот, додека второто полуфинале е Висла Плоцк – Бенфика.