
Скубе: Го живееме сонот, сега ќе го оставиме последниот атом од силите!
Скубе пред утрешното полуфинале порача дека две недели целиот фокус на ракометарите е само на мечот со Барселона и најавидека се подготвени за ново чудо.
„Подготвени сме, но не чувствуваме притисок. Тука сме во Келн, го живееме сонот, а зад нас е цела Македонија. И неверојатно е како се сака Вардар, колкава е таа поддршка кон нас. Едноставно после такво нешто невозможно е да не го остави последниот атом од силите. Верувам дека ја имаме енергијата за овој фајнлфор. Две недели мислиме само на Барса, а да ме радбудат среде ноќ, ќе им го кажам секој детал за оваа екипа“, вели Скубе.