Шампионот гази сè пред себе: Норвешка ја распарчи и Холандија
Холандија даде отпор само на стартот (3-3), по што Норвешка влезе во одличен ритам и на паузата замина со 15-9. Скандинавската селекција продолжи со доминацијата во вториот дел, додека противникот се мачеше на теренот, па славеше со убедливи 31-21.
Најдобра во редовите на Норвешка беше Камила Херем со шест голови, додека Нусер постигна пет погодоци за Холандија.