„ПСЖ е фаворит, другите со исти шанси! Целта на Вардар е топ-8!“

Вардар имаше (не)среќа да ја добие потешката од двете групи за новата сезона од Лигата на шампионите, што претпоставува макотрпна борба за секој бод и секоја позиција. Тренерот Стевче Алушовски призна дека ќе биде многу изедначено и тешко.

Според тренерот на Вардар, ПСЖ се истакнува како јасен фаворит, а останатите седум екипи имаат еднакви шанси. Сепак, вели, Вардар не се плаши од никого.

„Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противник. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го оствариме тоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме“, изјави Алушовски.

Вардар беше извлечен во групата А, со ПСЖ, Кјелце, Порто, Пик Сегед, Мешков, Фленсбург и Елверум.