Пелистер го претрпе и вториот пораз во три меча од новата сезона во Европската лига и тоа убедливо, со 34-43 од Фуксе Берлин.

Јасно беше дека бундеслигашот е голем фаворит во пресметката во „Боро Чурлевски“ и ќе беше премногу да се очекува некој отпор од Пелистер, особено по променливата форма од почетокот на сезонава. Овој пат парираа нешто повеќе од десетина минути, до кога важеше 5-5. Предводени од извонредниот голман Виктор Киреев, Германците првиот чекор го направија со серија од 3-0, за водство од 10-6 во 18. минута.

Битолчани полека го губеа чекорот и на паузата имаа највисока негатива од осум гола, 14-22. Уште веднаш во вториот дел предноста на Фуксе стана и двоцифрена и до крајот се играше рекреативно. Одбраната на Пелистер и онака беше пробиена уште по 15. минута, а сега и Фуксе не обрнуваше многу внимание, па мечот се претвори во гол-ревија. 

И покрај тоа, Киреев запиша 15 одбрани, со 40-роцентна успешност, а Лесјак и Кизиќ имаа 10 заедно. Жарко Пешевски броеше до осум гола, капитенот Мирко Радовиќ постигна шест, а Ненад Костески и Марио Танкоски по пет. Црногорецот Милош Вујовиќ му даде девет гола на Пелистер. По три кола македонскиот вицешампион има два бода во групата Д, а четвртиот натпревар е на 29 ноември, на гости кај Мотор.