Лејно: Многу ни беше тешко, зашто Ларвик играше мудро!

Вардар го одигра најпроблематичниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го Ларвик едвај, со 30-27, а една од најголемите „виновнички“ за тоа е голманката Амандин Лејно.

Чуварот на мрежата на Вардар 17 пати интервенираше успешно и ги спречи налетите на Ларвик во последните минути, кога лесно можеше да се испушти мечот од раце. На прес-конференцијата по мечот таа не штедеше комплименти за младиот норвешки тим.

„Ларвик одигра еден одличен натпревар. Нам навистина ни беше многу тешко, но се обидувавме и се подобрувавме во текот на наптпреварот. Тие одиграа многу добра одбрана и многу мудро во текот на целиот натпревар. Јас сумгорда на моите соиграчки и на уште една победа на Вардар“, вели Лејно