Лазаров: Сакаме нова европска победа, иако со мислите сме и во Битола

Maкедонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп, екипата на Алкалоид славеше со убедливи 22-34 против италијански Бриксен во првиот натпревар и се наоѓа пред пласман во следната фаза.

И покрај сигурната предноста, селекторот Кире Лазаров на денешната прес-конференција потенцираше дека мораат да одиграат на највисоко ниво и во сабота пред домашната публика.

„Забележавме една висока и убедлива победа против квалитетен противник. Италијанскиот ракомет е во подем и очекувавме да славиме, но не така убедливо. Момците одигра одлично и очекувам такво издание и во овој овој втор натпревар. Важно е да одиграме добро поради рејтингот на Алкалоид како клуб и на македонскиот ракомет. Фокусот ни е само Бриксен, но знаеме дека два дена потоа следи натпреварот со Пелистер и ги прифаќаме пропозициите и закажаниот термин. Мислам дека не треба предвреме да правиме планови за Пелистер, иако со мислите можеби ќе бидеме во Битола, сакам прво тука да ја завршиме работата. Нема да калкулирам ќе почнеме со најдобриот состав, па во зависност од резултатот ќе видам како ќе менувам“, изјави Лазаров.

Натпреварот помеѓу Алкалоид и Бриксен се игра в сабота од 18:00 часот.