Циндриќ: Ова е голем успех и за нас и за Македонија!

Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ со пораз ја заврши својата авантура во Вардар и од идната сезона заминува во полски Кјелце, како еден од многумината ракометари кои ќе го напуштат поранешниот европски првак.

По поразот од ПСЖ, Циндриќ изјави дека второто учество на Вардар на фајнлфорот во Келн исто така е голем успех за нив, но и за Макеоднија, без оглед што не успеале да го одбранат пехарот од лани.

„Беше тешко од прва до последна минута, но јас морам да им честитам на соиграчите и на навивачите за овој викенд. Сепак, и ова е голем успех за нас и за Македонија. Ние не треба сега да бараме алиби дека бевме ослабени. Еден гол решаваше и вчера и денеска и само можам да кажам на крај дека подобриот победи. На крајот ние треба да бидеме горди затоа што го оставивме срцето на терен“, рече Циндриќ по мечот.