Барселона го надигра Алборг и го крена 12. пехар во ЛШ

Ракометарите на Барселона денеска беа подобри до Алборг во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) со 31-30 и го кренаа 12. пехар во елитното натпреварување.

Каталонскиот гигант имаше предност речиси во текот на целото прво полувреме, освен во финишот кога Алборг направи пресврт и поведе со 15-14, меѓутоа Барселона го возврати ударот и израмни на 15-15.

Барселона водеше и во вториот дел, иако Алборг неколку пати успеа да израмни, меѓутоа немаше сила за пресврт, па трофејот повторно заврши во Каталонија (31-30).

Ричардсон со осум голови беше најефикасен во победничката екипа, додека Хансе постигна исто толку за Алборг.

Натпреварот беше историски и за македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ја делеа правдата во финалето на ЛШ.