Стивна драмата во Металург, Кастратовиќ останува тренер!

Откако денеска како гром од ведро небо дојде информацијата дека Зоран Кастратовиќ повеќе не е тренер на македонскиот ракометен клуб Металург, управата на тимот веднаш одржа состанок и успеа да го врати на кормилото на кое беше.

Неговото незадоволство и одлуката наеднаш да си замине, наводно, дошле поради непослушност и недисциплина на некои од играчите во клубот.

Кастратовиќ ќе продолжи да работи во Металург. Неговата оставка не ја прифаќаме, а сите причини за незадоволство ќе бидат адресирани. Тој има целосна поддршка од управата на клубот да ја води екипата, заедно со играчите да работат на што подобри резултати и, ако е потребно, да спроведе и дисциплински мерки. Нам ни е важно само да има дисциплина и почит кон клупските вредности, велат од управата на клубот.

Следниот меч Металург го игра против Горење на домашен терен, на кој ќе брка негатива од пет голови кои треба да ги надомести доколку сака да се пласира во следната рунда во ЕХФ Купот.