РК Охрид ја комплетира македонската голманска тројка со засилување од Бутел!

Екипата на Охрид се засили со доскорешниот голман на Бутел, Бојан Блажески, кој потпиша договор на најмалку две години со новиот мабициозен проект од градот крај Охридското езеро.

Станува збор за 28-годишен чувар на мрежата, кој мина осум години во дресот на скопски Бутел, каде заедно со тимот учествуваше во три европски циклуси. Блажески во минатото беше и дел од кадетската и младинска репрезентација на Македонија — што дополнително ја зацврстува неговата вредност како домашен голман од перспектива и искуство.

Со потпишување на Блажески, ГРК Охрид го комплетира триото на домашни голмани, со оглед што покрајнего на голот следната сезона ќе бидат и Градимир Чаневски и Даниел Ѓорѓески.