„Новиот“ Вардар на Михајловски ќе има додавка на името!

Вардар ќе се извлече од финансиската бездна со преземањето од страна на Михајло Михајловски, но ќе мора да добие ново име, како нов субјект.

Во изјава за телевизија „Телма“, Михајловски изјави дека Вардар ќе ја има годината на своето формирање како додавка во името.

„Во последна фаза сме на преземање на клубот од Сергеј Самсоненко, потоа ќе пристапиме кон тоа да го регистрираме новиот субјект, кој ќе има придавка, Вардар 1961. Нашата цел е да изградиме тим кој ќе може со актуелниот кадар да доаѓа до 1/4-финале во ЛШ, можеби Ф4, силен тим за СЕХА лигата и двојна круна во Македонија“, рече Михајловски“, рече Михајловски.

Повтори дека во тек се преговори со повеќе играчи и дека наскоро ќе бидат официјализирани неколку трансфери и потврди дека е договорен францускиот голман Кантегрел.