Бутел го грабна целиот плен против Пелистер и тоа сред Битола

Бутел запиша голема победа на гостувањето во Битола против Пелистер со 26-24 во првиот меч од новата сезона во ракометната Суперлига.

Пелистер го почна подобро мечот, па имаше водство на стартот од 2-1, па 4-3, по што се водеше голема битка на теренот, а Бутел направи пресврт во 21. минута кога поведе со 9-8. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, а на пауза скопската екипа замина со водство од 14-12.

Битолчани имаа многу добар старт и на вторите 30 минути, па со серија од 4-0 поведоа со 16-14. Сепак, Бутел одговори на притисокот на Пелистер со нови голови, по што стигна во водство. До крајот на мечот Бутел ја задржа предноста, па славеше со 26-24.