
Бивш босански селектор ќе го тренира Тиквеш!
Марковиќ минатата сезона го тренираше Динамо Панчево, а претходно работеше и во Германија, но ги предводеше и Босна Сараево, Борац Бања Лука и други тимови.
Искусниот босански тренер беше селектор на БиХ во период од 2011 до 2016 година, па своето искуство ќе се обиде да го пренесе на ракометарите на Тиквеш во обид да остварат подобар пласман во Суперлигата.