Лазаров постигна еден гол против Истр за нов триумф на Нант

Екипата на македонскиот репрезентативец Кире Лазаров, Нант славеше со 29-26 против Истр во 10. коло од францускиот шампионат.

Нант уште во првото полувреме (18-12) го најави вториот триумф по ред во првенството, а со мал пад во играта во вторите 30 минути стигна до нови бодови, па така го одржа чекорот со ривалите за втората позиција, односно Ним, Тулуз и Монпелје. Сите екипи имаат по 14 бодови и се на делба на второто место.

Лазаров го заврши дуелот со само еден погодок, додека најдобар стрелец на Нант беше Ривер Валеро со шест голови.