Крсте Велкоски се јави на Инстаграм по освоената титула со Сараево

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ потври дека нема услови за игра и се прекинува првенството, а титулата му припаѓа на Сараево, каде што настапува македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.

Сараево така успеа да ја одбрани титулата во БиХ, зашто по 22 одиграни кола беше првопласиран на табелата, а откако одлуката беше потврдена, на социјалните мрежи се јави и Велкоски, кој беше пресреќен поради освоениот трофеј.