Ѓорѓев со погодок го однесе Грасхоперс во осминафинале на Купот (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев може да се пофали со добар настап за Грасхоперс во швајцарскиот Куп, кадешто беше стрелец на единствениот гол против Сервет (1-0).

Младиот фудбалер ја застресе мрежата на гостите во 47. минута, па така му обезбеди пласман на Грасхоперс во осминафиналето на Купот.