Фудбалерите на рускиот гигант Зенит тргнаа кон Скопје каде што утре ќе му гостуваат на македонскиот шампион Вардар во првото коло од групата Л во УЕФА Лигата. Тоа што е за издвојување авионот со кој полетаа од аеродромот во Санкт Петербург - брендираниот Ербас „А319-100“ кој е целосно во боите на рускиот клуб. Лесно е кога Гаспром ти е спонзор...