Ванда си најде утеха кај познат италијански пејач? (ФОТО)

Ванда Нара пред повеќе од една недела го обвини сопругот Мауро Икарди дека ја изневерил со аргентинската актерка Евгенија Суарез, па од тогаш напаѓачот се обидува да ја врати неговата сопруга и да ги среди односите.

Аргентинските медиуми го следат секој чекор на Икарди и Ванда по нивната караница, а сега дел од нив објавија дека атрактивната жена разменувала пораки со италијанскиот пејач Ерос Рамацоти, кој ѝ понудил „утеха“.

Во една аргентинска емисија беше објавено дека Ванда била очајна, а многу мажи се обидуваат да ја искористат таа ситуација и меѓу нив е и пејачот, кој имал близок однос со Аргентинката.

И покрај демантот на Рамацоти, медиумите го следат секој чекор и пишуваат за љубовната сапуница која се случува.

„Морам да ги демантирам шпекулациите што се однесува до мојот приватен живот. Имам однос со Ванда, која трае повеќе од деценија. Заедно посетувавме и теретана во Милано. Таа беше и мој гостин и меѓу нас постои почит“, вели пејачот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi)