Столе Стоилов демонстративно ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“!

Непријатност се случи на манифестацијата „Спортист на годината“, која вечерва се организира од страна на Агенцијата за Млади и Спорт, откако капитенот на Вардар, ракометарот Столе Стоилов, демонстративно стана и си замина од церемонијата.

Причина за ова, неофицијално, е фактот што манифестацијата е двојазична, односно за првпат се користи и албанскиот јазик. Тоа го налутилo пикерот на црвено-црните, па Стоилов изреволтиран си замина од салата.