Салах има подобри оцени и од Меси на ФИФА!

Неверојатната сезона на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е една од главните теми во фудбалскиот свет. „Црвените“ се на третата позиција на табелата во Премиерлигата, а во полуфиналето од Лигата на шампиони ги очекува Рома.

Како „шлаг на тортата“ стигна наградата за најдобар играч во сезоната во Премиерлигата во 2017/18 во избор на Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА), а да биде „машина“ за голови и во ФИФА, се погришија нејзините креатори.

Египќанецот има вкупна оцена од 98 и стана втор најдобар фудбалер во играта. Максимални 99 има освојувачот на „златната топка“, а тоа во овој момент е Кристијано Роналдо. Меѓутоа, Салах е толку добар, што во играта има подобри перформанси од Меси.

Фудбалерот на Ливерпул ги доби најголемите можни оцени за брзина и дриблинк, додека таа за удар има само еден поен зад максимумот. Додавањата се на 95, а физичките карактеристики на 92, секако, најмала оцена има за одбрана.