Руско лудило: Кој е најдобар на мечот од клубот добива подарок – калашников!?

Во аматерскиот спорт, попознат како „селски“ кај нас, многу често има урнебесни приказни за фудбалери кои играле за гајба пиво, полутка месо, ама очигледно во Русија се надминува управата на еден клуб, кој својот најдобар играч го наградува со – автоматска пушка.

Во хокеарската втора лига Ижстал има нова традиција во која најдобриот актер на ледот ќе добие – калашников. Изборот го прават соиграчите, а клубот го наградува тој што ќе го изберат.

Прв добитник е голманот Кононов, кој правел чуда за време на мечот со Челјабинск во победата со 3-2.

После добиената награда, тој гордо позираше со „трофејот“.