Промашувањето на Салах ги „полуде“ мобилните апликации (ФОТО+ВИДЕО)

Ливерпул и Стоук на „Енфилд“ во моментов го играат 36. коло во Премиерлигата, а првото полувреме заврши со 0-0.

Сепак, малку недостигаше Ливерпул на самиот почеток да стигне до водство. Одличниот Мохамед Салах, кој сезонава нема милост за своите противници, имаше брилијантна шанса во петата минута, но промаши.

Меѓутоа, многумина не се навикнати Салах да промашува, па некои мобилни апликации кои пренесуваат резултати во живо, покажаа дека Ливерпул постигнал гол, но потоа ја исправија својата грешка.