Полските хулигани раскажаа за тепачките во Скопје и им се заблагодарија - на Чкембари!

Полските хулигани направија хаос на повеќе локации во Скопје, кадешто имаа инциденти со полицијата, но исто така ултрасите на Видѓев Лоѓ се степаа со ривалите од ЛКС Лоѓ во градскиот парк, по што беа уапсени 223 лица, а сега тие решија да го раскажат патешествието.

Навивачите прво го посетиле мечот во Ѓорче Петров, кадешто се играл баражот за пласман во македонската Прва Лига меѓу Силекс Кратово и Тиквеш Кавадарци, а се сретнале со Лозарите, меѓу кои имало и десетина Чкембари.

Потоа полските навивачи заминале во Битола во вторник вечерта, кадешто имале вечера во ресторан, по што заминале на забава во центарот на градот и им се заблагодарија на Чкембари за прекрасниот дочек.

Наредниот ден тргнале од Битола кон Скопје, кадешто имале собир пред натпреварот. Тие потоа заминале кон стадионот, кадешто се случи пресметката меѓу хулиганите, а меѓусебното нетрпение потекнува уште од Европското првенство во Франција, кадешто биле прекршени нивни догвоори.

Во градскиот парк почнала пресметката меѓу двете групи, по што биле заобиколени од голем број полицајци и биле уапсени 223 хулигани, кои потоа беа казнети со по 150 евра

Целото патешествие на полските навивачите може да го прочитате ТУКА.