Ова е љубов кон клубот: Пиро-шоу на тренинг во пет наутро на минусни температури (ВИДЕО)

Актуелната пандемија со коронавирус и зголемените бројки на заразени во Холандија повторно ги заклучи стадионите, па навивачите не може да дојдат на трибините, ама и клубовите во пониските лиги мака мачат зашто од 17 часот до 5 наутро не може да тренираат.

И бидејќи станува збор за аматерски клубови, а фудбалерите си имаат друга основна работа, во нормален термин не може да тренираат, па избраа тоа да е во пет наутро. И никој не очекуваше во клубот дека на последниот тренинг ќе ги пречека невидено изненадување на навивачите.

Приврзаниците на Квик бојс масовно дојдоа на тренинг и тоа во пет наутро на минус четири степени целзиусови, а потоа следеше пиротехничко шоу кое ги остави сите без зборови.

„Убаво е, а? Мојата сопруга ми рече дека не сум нормален, ама кога сте на терен заборавате на сѐ, не ви е гајле дали е студено, какво е времето“, рекол тренерот Едвин Грунхолик.