Новинарка беше главна ѕвезда на мечот Милан-Лече – не носеше градник (ФОТО)

Италијанската спортска новинарка, Марија Луиза Џакобели, повторно привлече внимание со своето појавување на „Сан Сиро“ пред натпреварот меѓу Милан и Лече.

Новинарката на „Спорт Медиасет“, позната по провокативниот стил на облекување, се појави во бело боди без градник, што веднаш предизвика бројни реакции кај навивачите и меѓу нејзините 4,4 милиони следбеници на Инстаграм. Џакобели и претходно беше во центар на јавноста, откако медиумите ја поврзуваа со фудбалската суперѕвезда Килијан Мбапе. Таа е ќерка на поранешниот директор на „Тутоспорт“, Ксавиер Џакобели.

Италијанската новинарка често ја споредуваат со колешката Дилета Леота, која неодамна се омажи за германскиот голман Лориус Кариус и доби ќерка. Марија Луиза речиси секој викенд известува од стадионите ширум Италија, по правило во впечатливи и „жешки“ комбинации кои дополнително ја зголемуваат нејзината популарност.