НФЛ-ѕвезда застрелана од 17-годишно момче при обид за грабеж!
Обидот за грабеж се случил околу 15.30 часот, а напаѓачот испукал неколку куршуми при што го повредил НФЛ-играчот, но и себеси.
„Осомничениот пукал неколку пати, при што се погодил себе, но и господинот Персал. Веруваме дека ова бил обид за грабеж“, соопштиле од полицијата.
Персал се наоѓа во стабилна состојба, а истрагата треба да ги утврди сите детали од инцидентот.