НФЛ-ѕвезда по само 11 дена доби отказ, а се соочува и со - затвор! (ФОТО)

Една од најголемите ѕвезди во НФЛ лигата, Антонио Браун, кој важи за еден од најпроблематичните ликови во американските спортови, доби отказ од уште еден тим.

По Оукланд рајдерс, сега на негова соработката му се заблагодари и тимот на Њу Ингланд патриотс и тоа по само еден натпревар. Браун беше член на овој клуб само 11 дена. Засега не е позната причина зошто го доби вториот отказ за само еден месец, но Браун се шпекулира дека тоа е поради фактот што првпат во животот има проблеми со законот.

За доскорешниот „патриот“ се пишуваше во изминатите две недели, откако беше обвинет дека ја силувал поранешната тренерка, додека друга девојка - сликарка, која го сликала портретот на Браун, го обвинува дека се соблекол гол пред неа и покрај нејзино противење.

Браун ги негираше двете обвинувања, но призна дека по обвинението се заканил дека ќе ја силува својата поранешна фитнес - тренерка. НФЛ ја води целата истрага според која би можела да го суспендира Браун на кој му се заканува суспензија со која повеќе нема да може да игра во најсилната американска лига. Доколку се докаже првото обвинение, Браун се соочува и со повеќегодишна затворска казна.