
Незадоволство во Лондон: Хадсон-Одои со поглед го „уби“ Сари (ФОТО)
Челси имаше уште еден очаен настап пред своите навивачи, кои го критикуваа италијанскиот тренер Маурицио Сари и сакаат да замине.
Се шпекулира дека атмосферата во клубот воопшто не е добра, па некои фудбалери на „сините“ се против Сари, а еден од нив е младиот Калум Хадсон-Одои, кој ретко добива шанса.
Хадсон-Одои е голема желба на Баерн Минхен, а доколку остане на клупата на Челси, тогаш дефинитивно би можеле да останат без него.
Дека Одои не е задоволен во Лондон можеше да се забележи и во една ситуација, кога испрати „убиствен“ поглед до италијанскиот стратег.