Навивачите на Арсенал и ПСЖ бараат Кардашијан да не припари повеќе на стадион – несреќа е!

Навивачите на лондонски Арсенал и француски ПСЖ побараа ријалити ѕвездата Ким Кардашијан да не припари повеќе на стадион, зашто Американката е жив малер и „главен виновник“ за неуспесите на двата клуба во изминативе неколку дена.

Кардашијан беше во четвртокот на „Емирати“ да го гледа Арсенал против Спортјнг во реванш осминафиналето во Лига Европа и „топчиите“ испаднаа на пенали, откако претходно примија гол од пола терен за израмнување.

Три дена потоа дојде ријалити ѕвездата на „Паркот на принцовите“, а таму нов шок. ПСЖ изгуби од Рен со 0-2, но тоа што е најинтересно е што овој пораз е прв после две години за парижаните во Лига 1 на домашен терен. Точно 735 дена траеше серијата од 35 меча без пораз пред своите гледачи

За Ким Кардашијан од поодамна во САД ѝ е залепена етикета дека на секој маж кој ќе се сплетка со неа, ќе го следи лоша среќа, а поранешниот сопруг Канје Вест дури заврши на психијатрија.