Морничави пораки: Фудбалерите плачеа, навивачите сакаа да ги линчуваат! (ВИДЕО)

Перуџа по баражот со Пескара испадна во италијанската Серија Ц, и тоа за првпат по 1986 година, а тоа ги налути навивачите, кои тргнаа да ги линчуваат фудбалерите.

Екипата испадна во понизок ранг, а 700 навивачи се собраа пред стадионот и таму останаа до раните утрински часови, по што мораше да интервенира и полицијата.

Навивачите фрлаа факели и други пиротехнички средства, а сакаа и да ги бесат фудбалерите, кои се расплакаа по испаѓањето во понизок ранг.