Кога арапски коментатор ќе падне во транс по голчиштето на Салах (ВИДЕО)

Мохамед Салах, суперѕвездата на Ливерпул е идол во Египет, ама и во арапскиот свет. И синоќа фудбалскиот велемајстор даде два гола, намести уште два за голема победа на Ливерпул во „првото полувреме“ во битката за финале со Рома (5-2).

На „Енфилд роуд“ навивачите беа во екстаза од новото шоу на Салах, ама во транс падна и еден арапски коментатор. Не разбираме што вели, ама добро се издра „ооооо Салаaaaa....“.