Фудбалер во самоодбрана „нокаутираше“ хулиган, па доби црвен картон! (ВИДЕО)
Навивачот им избега на редарите и втрча на теренот, а потоа го удри фудбалерот на Хапоел и тргна кон друг, но од него доби лекција.
Редарите потоа го фатија хулиганот, меѓутоа тоа не беше крајот на изненадувањата затоа што главниот судија реши да му покаже црвен картон на фудбалерот на Хапоел зашто го нокаутирал хулиганот во самоодбрана.