Фановите во шок откако излегоа стари фотографии од најзгодната фудбалска водителка!

Италијската новинарка Дилета Леота со години важи за една од најсексапилните водителки во нејзината земја, но и пошироко.

Таа е специјализирана за натпреварите во Серија А со што привлече 5.8 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзините фанови, како фудбалерите, тешко можат да и одолеат на нејзиниот шарм.

Сепак, Италијанците малку прочепкаа и дојдоа до нејзиното минато, кога била само водителка за временски прогноза.

Фотографиите од младоста им даваат право на критичарите да ја критикуваат дека станала „пластична“ и неприродна, односно дека во претходните години целосно го променила својот изглед.

Дилета постојано го негира ова, нејзиниот брат, кој е пластичен хирург, потврди дека имала само една мала операција која не влијаела значително на целосната слика.

Инаку, Дилета има 28 години и работи за италијанскиот „ДАЗН“, а воедно беше прогласена за еден од најубавите спортски новинари во светот.