Екс-англиски репрезентативец ја фатил сопругата среде секс, па ја оставил да заврши работа

Невидена сапуница како за ТВ-новелите е приватниот живот на поранешниот англиски репрезентативец Дарен Бент, откако таблоидите открија неверојатна приказна – тој ја фатил својата сопруга, која инаку ја украл од друг соиграч како го изневерува.

Бент (35), кој 13 пати беше репрезентативец на Англија се вратил околу шест часот наутро пред неколку дена во својот дом, кога имал што да види. Сопругата со друг маж во акција во спалната соба.

И Бент не ги прекинал, туку си заминал, па се возел со автомобилот низ квартот додека љубовниот пар заврши работа. Кога швалерот на сопругата ја напуштил куќата, Бент се вратил и жестоката кавга со сопругата морала да ја решава полицијата, која била повикана.

Наводно, ова било одмаздата на Кирси Мекларен кон својот сопруг, зашто и таа пред некое време го фатила Дарен во прељуба со друга девојка.

„Тој го доби тоа што го заслужувал, зашто Кирсти својот бивш вереник од Астон Вила го остави пред олтар за да дојде со Бент, а потоа го фати сегашниот сопруг со друга девојка“, рекол извор за таблоидите.

Бент е поранешен фудбалер на Ипсвич, Чарлтон, Тотнем, Сандерленд, Астон Вила...