Бубашваба доби пет секунди слава на ЛОИ – ја гледаа 8,4 милиони луѓе поради луд камерман (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Аргентина и Шпанија во хокеј во женска конкуренција донесе еден урнебесен момент поради камерманот на мечот, откако една бубашваба доби „пет секунди слава“ и според организаторите моментот го виделе 8,4 милиони луѓе.

Бубашвабата се појавила на оградата, па камерманот наместо да снима на теренот, ја снимал неа како оди по оградата, што предизвика прво збунување, а потоа смеење од светската спортска јавност.

Но, камерманот се најде на тапет од поголемиот дел на јавноста за своето „шоу“.

„Изгледа овој камерман сакал да снима за Нешнл Џеографик, ама го ангажирале за Олимписки игри“, коментираа дел од навивачите.